Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лука Циндриќ – Нерешлива енигма за противничките екипи и играч кој вреди многу
Лука Циндриќ – Нерешлива енигма за противничките екипи и играч кој вреди многу

Лука Циндриќ – Нерешлива енигма за противничките екипи и играч кој вреди многу

Лука Циндриќ е веќе втора сезона во дресот на Вардар, откако во 2015 година пристигнува во Скопје како ново засилување за клубот. Тој има само 24 години, а неговата кариера е во голем подем и е еден од најдобрите играчи во составот кој го предводи Раул Гонзалес. Првите позначајни белези во овој спорт ги остава во 2012 година кога со екипата на РК Карловац во првенството на Хрватска постигнува неверојатни 243 голови на 33 одиграни натпревари и е најдобар стрелец таа сезона во домашното првенство. Неговиот талент го открива Лино Червар кој решава да го донесе Лука во екипата на Металург, каде се задржува кратко време. Во дресот на Металург поминува само една ипол сезона, каде во лигата на шампионите постигнува вкупно 45 голови. По напуштањето на Автокоманда поради финансиски причини и неисплатени плати кон него. Лука речиси половина година е без екипа. На стартот на сезоната 2015/16, РК Вардар под водство на Раул Гонзалес се решава да го донесе репрезентативецот на Хрватска во своите редови. Првиот настап во националната селекција го забележува во 2014 година, а претходно ги има поминато младинските селекции на оваа земја.

vardarfans-zasiluvanje

Заедно со Циндриќ во јули 2015 година, Вардар како најнови засилувања ги претставува и Хорхе Македа, Дејан Манасков, Мијајло Марсениќ и Александер Деревен. Во првиот дел од сезоната можеби и не беше толку забележителен и e во сенка на неговиот соиграч од репрезентацијата, Игор Карачиќ кој повеќе ја добиваше довербата да игра на позiцијата организатор на играта. Сепак во втората полусезона неговите квалитети се повеќе доѓаат до израз. Многу брз и умешен играч, кој секогаш знае да најде простор помеѓу противничките играчи и да се пробие кон голот. Неговите движење се многу карактеристични и често непратечки за играчите од спrотивната страна. Располага и со силен, но пред се прецизен удар, кој секогаш знае каде да ја упати топката кон голот, на местата каде многу е тешко да се брани. Во првата своја сезона во црвено-црниот дрес постигнува 49 голови во лигата на шампионите и веќе се најавува како играч, на кој во иднина треба сериозно да се смета на неговите услуги. Истата таа година ја освојува домашната двојна круна со Вардар, стигнува во најдобрите осум екипи во Европа и е вицешампион на СЕХА-лигата.

vardarfans-luka-vo-hrvatska

Се почесто добива и повик и во репрезентацијата на Хрватска. Лука го потиснува Карачиќ во составот на Жељко Бабиќ кој реши на светското првенство во Франција да го понесе Циндриќ, на позицијата среден бек. Повеќе од оправдана довербата и укажаната шанса да го носи дресот на својата земја. Хрватска завршува како четврта на овој мундијал, а Лука е прв најдобар стрелец на својата репрезентација и осми на целокупното првенство. Оваа сезона е нерешлива енигма за противничките екипи во лигата на шампиони, во  тимот на Вардар. Веќе ја надмина бројката на постигнати голови од минатата сезона и моментално пред одигрување на Ф4 во Келн веќе има 54 голови зад неговото име.

vardarfans-idealen-tim1-660x330-660x330

Повеќе пати се наоѓа во изборите на ЕХФ, кои го сместуваа во најдобриот тим на колото, како и во изборот за најубави погодоци во ЛШ. Голем удел имаше и во двете победи против Фленсбург, каде постигна вкупно 12 голови, со висок процент на реализирани удари. Го освојува и првиот трофеј во неговата кариера во СЕХА-лигата, токму оваа година со екипата на Вардар. За прв пат се пласира на завршен турнир на најдобрите четири екипи во Келн, а има големи шанси да ги одбрани трофеите со Вардар и на домашната сцена. Беше дел од подготовките со репрезентацијата на Хрватска со Пореч, кои се подготвуваат за претстојното ЕП во 2018 година, кое токму ќе се игра во неговата земја. Добрите игри го подигнуваат неговиот квалитет, па нормално е Лука да биде баран од најголемите ракометни екипи. Тој има активен договор со Вардар уште една сезона, а шпекулациите говорат дека Киелце е силно заинтересиран да го види во своите редови. Вардар веќе ги задржа најдобрите и за наредните сезони, а се очекува истото да го стори и со Лука Циндриќ.