Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Борјана Коцева: “Јуниор“ лигата е огромен проект, кој ни помага да научиме нови работи и да се развиеме во подобри ракометари
Борјана Коцева: “Јуниор“ лигата е огромен проект, кој ни помага да научиме нови работи и да се развиеме во подобри ракометари

Борјана Коцева: “Јуниор“ лигата е огромен проект, кој ни помага да научиме нови работи и да се развиеме во подобри ракометари

Ново Лисиче кај генерацијата родени 2004/05 година е новиот освојувач на ракометната “Јуниор“ лига. Избраничките на Марија Аврамоска и Анжела Платон во големото финале ја совладаа екипата на РК Кале од Кичево, кој беше и актуелен освојувач на првата сезона на ова натпреварување, кај истава возрасна генерација. Минимално со еден гол разлика (13:12), Ново Лисиче успеа да слави во финалниот дуел. Најефикасна ракометарка во финалето беше Борјана Коцева која постигна вкупно 6 голови. Таа заедно со нејзината сестра Бојана се предводнички на оваа генерација на Ново Лисиче.

-Желбата за ракометот потекна од кога почнавме да ги гледаме ракометарките на Вардар и сакавме и ние да почнеме да тренираме. “Вардар јуниор лигата“ претставува еден огромен проект. Оваа лига има многу значење и ни помага да научиме нешто ново и ни помага да се развиваме и да бидеме подобри ракометари.

Во полуфиналето, екипата на Ново Лисиче беше подобра од РК Кастратовиќ. На турнирот “Вардар, еден живот, една љубов, тие освоија трето место. Се на се успешна сезона за оваа ракометна школа, која има чест да работи со тренери како Платон и Аврамоска.

-Оваа сезона освоивме злато во лигата и бронза на турнирот. Задоволство беше да се натпреваруваме со такви тимови. Секако дека беше тешко во финалето и полуфиналето ,но сепак ние трениравме напорно и го постигнавме она што сакавме да го постигнеме. Да се има тренери како Платон и Аврамовска е задоволство. На сите тренинзи го даваат својот максимум, за да не научат како правилно да играме.

Звонко Ивановски