Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тигран Барсегјан добива нов договор од Вардар!

Тигран Барсегјан добива нов договор од Вардар!

Вардар погоди уште еден играч од Ерменија, овој пат се работи за Тигран Барсегјан. Барсегјан иако договор со Вардар потпиша минатото лето, сепак поради здравствени проблеми со настапи во “црвено – црниот” дрес започна на почетокот на оваа календарска година.

Ерменскиот Хулк договор со Вардар официјално потпиша на 26. август минатата година, со важност од една година, но и со опција истата соработка да биде продолжена на уште една година. Ова значи дека по одличните игри на Барсегјан изминатава пролет, каде на 15 првенствени натпревари постигна 6 погодоци, дознаваме речиси со сигурност ќе му биде понуден нов договор на уште една дополнителна година, или можеби и на повеќе, останува да видиме.