Сите долго ќе ја паметиме сезоната 2013/14 кога екипата на РК Вардар успеа за прв пат во својат историја да стигне до најдобрите осум екипи во лигата на шампиони. Тоа беше во првата сезона, кога на чело на клубот застана господинот Сергеј Самсоненко. Тогаш во осминафиналето, црвено-црните направија голем подвиг елимирајќи го актуелниот европски шампион, екипата на Хамбург. На првиот натпревар одигра но Борис Трајкоски, мечот зврши со нерешен резултат 28:28. На реваншот во Германија го направивме неочекуваното, а тоа беше елиминацијата на европскиот шампион. Тој дуел го добиме со еден гол разлика (29:30), кој беше доволен за елиминација на Хамбург и пласманот во најдобрите осум екипи. Играчите и стручниот штаб имаа неверојатен пречек на аредромот Александар Велики, кога голем број на Вардарови навивачи дојдоа да го поздрават овој историски пласман заедно со своите миленици.
Да се потсетиме како беше на тој ден, кога ракометарите славеа заедно со своите навивачи. Потоа сите заедно се упатија на Кале, каде продолжи славјето по елиминацијата на европскиот шампион.