Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Куп двомечот на програмата во март и април, првин сме домаќини на Шкендија, а потоа гости
Куп двомечот на програмата во март и април, првин сме домаќини  на Шкендија, а потоа гости

Куп двомечот на програмата во март и април, првин сме домаќини на Шкендија, а потоа гости

Вчера и денеска се одвиваат лекарските прегледи на фудбалерите на Вардар. Со овие прегледи фицијално ги започнуваат зимските подготовки за пролетната сезона.  Оваа пролет не очекуваат 18 кола во првата лига која од сезонава е четирикружна.

Како што веќе е познато, ФК Вардар го доби за противник тимот на Шкендија во полуфиналните натпревари во Купот на Македонија. Скопските црвено-црни “сонуваат“ за финале во најмасовното натпреварување веќе една деценија. Последен настап во меч за пехарот во Купот го имавме веќе далечната 2007 година кога одигравме на Градскиот стадион меч со прилепска ФК Победа. Вардар тогаш однесе триумф со 2-1 и стана шампион во Купот на Република Македонија. Цели десет години навивачите на вардарци немаа прилика за ваква радост. Годинава стигнавме во текот на есенскиот дел до полуфиналето.

Мора да признанеме дека коцките ни се вклопија. Одигравме мечеви во кои не се сретнавме со ниту еден прволигаш. Така,  во досегашниот тек од Купот, нашиот тим  има пет победи, во 1/16 финалето го совладаа Скендербеу, потоа двапати беше подобар тим од Влазерими во 1/8 финалето, а во 1/4 финалето го елиминираа Металург со две идентични победи од 4-1.

Со тетовчани првиот меч ќе се одигра на 1 март, Вардар ќе биде домаќин на првиот натпревар од овој двомеч, додека реваншот ќе се одигра на 19 април, каде што избраниците на Гоце Седлоски ќе играат на гости кај противникот од Тетово.