Младиот играч од средината на фудбалскиот клуб Вардар, Петар Давидоски, беше успешно опериран во болницата „Аџибадем Систина“
Давидоски се здоби со незгодна повреда на пријателскиот натпревар со екипата на Победа, па снимката покажа дека се работи за скинат преден вкрстен лигамент. Најважно е дека оперативниот зафат помина во најдобар ред и дека Давидоски се чувстува добро.
За капитенот на генерацијата 2003 следи период на рехабилитација од најмалку шест месеци. Нашата редакција му посакува побрзо закрепнување и враќање на фудбалските терени.