Избраниците на Кирил Лазаров, машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија ќе игра во големото финале на ЕХФ Шампионатот кој се игра во нашиот главен град. Вчера, во едно драматично полуфинале кое беше решено дури после изведување на седмерци, Македонија успеа да ја победи Швајцарија со резултат 34:33. Во регуларниот дел од натпреварот резултатот гласеше 28:28.
Единствениот, вардарец во тимот Давид Савревски имаше феноменален дуел, тој постигна дури 7 голови. Савревски на крајот го понесе признанието за најдобар играч (МВП) на полуфиналниот натпревар кој се одигра во С.Ц. Борис Трајковски