Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генерација “2002“ славеше во дуелот со Њу Старс, додека помладите од “2003“ одиграа со нерешен резултат
Вардаровата генерација “2002“ славеше во дуелот со Њу Старс, додека помладите од “2003“ одиграа со нерешен резултат

Вардаровата генерација “2002“ славеше во дуелот со Њу Старс, додека помладите од “2003“ одиграа со нерешен резултат

Денес на теренот во населбата Ѓорче, натпревари во рамките на регионалната-скопска лига одиграа генерациите на ФК Вардар, родени 2002 и 2003 година против екипата на Њу Старс.

Вардаровата генерација “2002“ славеше во дуелот со Њу Старс со резултат 2:0. Најпрво резултатот за 1:0 го отвори Леонид Игнатов, додека на 2:0 зголеми Дамјан Пешовски.

ФК Вардар: Станковски, Ѓорѓиевски, Пешовски, Костовски, Крстевски, Тодоровски, Демири, Симев, Омерагиќ, Исени, Блажевски.

Генерацијата “2003“ се враќаше од негатива, откако на полувреме домашниот тим имаше водство од 2:0. Сепак во вториот дел, црвено-црните успеаа да го израмнат резултатот. Стрелци на головите беа Мирков и Абдула.Ова беше прв нерешен резултат за избраниците на Томче Трајановски во оваа натпреварувачка сезона.

ФК Вардар: Јовчев, Марковски, Стојковски, Петковски, Андреев, Јаневски, Тасески, Пашариковски, Петрушевски, Јордановски, Бојан.