Денес заврши и последната “етапа“ од втората сезона во ракометната Вардар јуниор лига, во текот на денешниот ден во С.Ц “Јане Сандански“ се одигаа и последните финалиња. Ги дознавме шампионите во генерациите 2002/2003 и 2004/2005 кај девојките. Екипите на РК Шампион Вардар и РК Ново Лисиче ги изненадија фаворитите и дојдоа до “злато“.
По крајот на мечевите на “бронзените“, второпласираните и шампионите им беа доделени пехари и медали. Одличјата ги доделија Ивана Маневска, Растворев и една од најзаслужните личности за успешната реализација на овааа втора сезона кординаторот на овој проект Марија Папуџиева. Радоста на ракометните надежи по примањето на пехарите беше неопслива.