Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (2) од генер. “2005“ ја победи Албарса и со максимален број на освоени бодови го заврши регуларниот дел во детската лига
Вардар (2) од генер. “2005“ ја победи Албарса и со максимален број на освоени бодови го заврши регуларниот дел во детската лига

Вардар (2) од генер. “2005“ ја победи Албарса и со максимален број на освоени бодови го заврши регуларниот дел во детската лига

Денес на теренот на фудбалската федерација на Македонија, Вардарвата генерација “2005“ го одигра последното коло од регуларниот дел на детската лига. Избраниците на Кралевски, Вардар (2) денес за противник ја имаа екипата на Албарса, која ја совладаа со резултат 4:1.

Во две различни полувремиња, нашите млади надежи запишаа уште една победа во ова натпреварување. Бргу го отворивме резултатот на овој натпревар и тоа со голот на стоперот, Давор Серафимов, кој при една мешаница во противничкиот простор беше најумешен и ја смести топката во мрежата. Веднаш после него шанса имаше и Филип Јовановски, но противничкиот голман го брани неговиот удар. Сепак истиов играч во следниот негов обид успеа да реализира за предност од 2:0. Голот беше од белата точка, откако противникот направи три корни. Можевме да го зголемиме резултатот, но во последен момент еден од играчите на Албарса исфла од гол линијата, откако биеше Симеон Здравковски. Прв удар имаше и противникот, но на место беше нашиот голман, Василиј Мариновски. Повторно шанса во нашите редови имаше Филип Јовановски, но повторно голманот го скроти неговиот удар. Имаше убава можност и Величковски, но ударот со глава завршува покрај голот на противникот. Втор гол на мечот следи за Јовановски и повторно од истотото место, откако Албарса направи три корни. Сигурно реализира Филип за предност од 3:0. Уште еден гол во првото полувреме, прв на овој меч за Никола Величковски за водство од 4:0. Со овој резултат заврши полувремето.

Во вториот дел екипата на Албарса беше подобрата екипа на теренот. Добија повеќе дуели од Вардар и успеаа да постигнат почесен гол, кој на крај се покажа како единствен. Имаа уште неколку прилики, но без реализација. Кај нас се обиде нововлезениот Калановски, кој шутира покрај гол и Гаштаров, кој бие во рацете на голманот. Со резултат 4:1 на крај заврши овој натпревар.

Со овој триумф, избраниците на Кралевски го завршија регуларниот дел од сезоната со сите победи и максимален број на освоени бодови во детската лига. Од следната недела започнуваат елиминациските мечеви.