Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ШАМПИОНЕЕЕ! ВАРДАР ОСВОИ УШТЕ ЕДНА ТИТУЛА ВО ПМФЛ, ВАРДАР Е СТАРО – НОВИОТ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА!
ШАМПИОНЕЕЕ! ВАРДАР ОСВОИ УШТЕ ЕДНА ТИТУЛА ВО ПМФЛ, ВАРДАР Е СТАРО – НОВИОТ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА!

ШАМПИОНЕЕЕ! ВАРДАР ОСВОИ УШТЕ ЕДНА ТИТУЛА ВО ПМФЛ, ВАРДАР Е СТАРО – НОВИОТ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА!

ВАРДАР Е НОВИОТ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА! Нашиот тим денеска лесно се справи со тимот на Македонија ЃП и официјално ја одбрани титулата во првенството на Македонија. Честитки до целиот тим и стручниот штаб кој допринесоа да Вардар освои уште една титула во ПМФЛ. Сега Вардар може да се насочи кон нови засилување и квалификациите за Лигата на шампионите.

Вардар уште во првата минута имаше шанса да го отвори резултатот, но ударот на Којашевиќ заврши само во стативата од голот на гостинот. Веќе во 5. минута Вардар дојде до предност од 1:0. Блажевски погоди од пенал за водство на нашиот тим, овој пенал го изнуди Којашевиќ. Веќе во 16. минута Вардар ја дуплираше предноста и најави дека титулата денеска ќе ја освои. По еден изведен корнер, Глигоров несебично му додаде на Николов кој биеше прецизно за предност од 2:0 за Вардар. Во 21. минута Алековски одлично му одбрани еден удар на Аломеровиќ. Веќе во 32. минута Вардар дојде и до убедливи 3:0. Брдаровски одлично му асистираше на Којашевиќ кој погоди прецизно за 3:0. Со овој убедлив резултат се замина на пауза.

Првата шанса во вториот дел ја имаше Боарето, но без реализација. Не требаше да помине многу време за нашиот шампион да го зголеми водството. Нов гол, втор за него на денешниот натпревар постигна Дејан Блажевски кој со силен волеј удар ја тресе мрежата на Ѓорче, за веќе убедливи 4:0. Во второто полувреме направивме две измени. На местото на Боарето и Којашевиќ, во играа влегоа младите Петковски и Колевски. Во 64 минута црвено-црните стигнуваат и до петти гол, откако погоди Барсегјан, на асистенција на Блажевски, за водство од 5:0. Не бевме задоволни со овој резултата и следеше нов погодок за Вардар. Прв пат во листата на стрелци се запишува и Боарето, кој доби топка од Демири и присебно ја смести во мрежата на Ѓорче за водство од 6:0. Ова беше и конечен резултат на крајот од натпреварот.

На тој начин, Вардар се промовира во старо-нов шампион на Македонија, каде ја одбрани титулата од минатата сезона.