Во текот на денешниот ден во С.Ц “Јане Сандански“ се играат натпреварите од финалниот дел во ракометната Вардар Јуниор лигата. Во големото финале за пехарот кај девојките од генерација 2002/2003 се одигра еден навистина одличен и возбудлив дуел. Во истиот екипата на РК Шампион Вардар од Скопје го изненади фаворитот за пехарот РК Делчево Вардар. Скопјанки триумфираа со минимални 14-13.
Натпреварот со два гола за предност од 0-2 го отвори тимот на РК Делчево Вардар, а скопските девојки намалија на 2-1. По 5 минути игра на семафорот сторше нерешени 3-3, по што со мини серија 0-2 делчевки повторно се одлепија овој пат на 3-5. Девојките на РК Шампион Вардар ја посакуваа исто така победата па се обидоа и успеаа да се вратат тие изедначија на 6-6 на 3 минути до крајот. Во последните минути двата тима дадоа по еден гол во противничката мрежа, па на одмор се замина со реми резултат 7-7.
Вториот дел први со гол го отворија девојките на РК Делчево кои веднаш потоа одиграа одлично во одбраната и зголемија и на 7-9. Сепак Шампион повторно тргна да израмни и успеа да изедначи ан 10-10 по 7 минути игра во вториот период од овој натпревар финален кој се играше 2х20 минути. Потоа се играше гол за гол со постојано водство од едне гол на еден тим и изедначување на другиот, На семафорот во Јане Сандански беше 11-11, па 12-12 и на крајот 13-13 во 38 минута од ова женско финале во ракометната вардарова Јуниор лига.
До крајот РК Шампион постигна гол, се одбрани во ситуација на играч помалку и доби напад. Истиот не го реализираше, но сепак титулата беше нивна. Кај победникот Андријана Арсовска даде 5 гола, кај поразените исти учинок имаше Јована Илиевска.