Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерацијата 2007 не запира, нови две победи денеска
Генерацијата 2007 не запира, нови две победи денеска

Генерацијата 2007 не запира, нови две победи денеска

Генерацијата на Вардар 2007 вчера запиша две победи во лигата, а истото го стори и денеска. Момчињата на Зоран Петковски денеска беа поуспешни од играчите на Фoртунa и Металург. И двата тимови забележаа по две победи овој викенд.

Денеска Вардар (1) силите ги одмери со тимот на Фoртунa. Овој натпревар Вардар го доби со резултат 7:2. Со ова победа Вардар докажа уште еднаш дека и оваа сезона е еден од главните конкуренти за титулата во својата генерација.

Стрелци на головите денеска за Вардар беа: Петaр Мицевски 2, Емир Шaбoтиќ, Милoш Спaсoвски, Стефaн Млaденoвски, Кристијaн Јaкoвчевски и Лукa Атaнaсoвски пo 1 гoл.

За перфектен викенд се погрижи Вардар (2), овој тим го победи денеска Металург со резултат 8:2. Во текот на целиот натпревар Вардар беше поквалитетен тим и заслужено се радуваше на убедлива победа. Стрелци за Вардар (2) на овој натпревар беа:

Злaткo Рaдески 4, Никoлa Јoвaнoвски, Вoјo Стoјaнoвски, Леo Мaнчев и Филип Кузaревски пo 1 гoл.