Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познат составот кој ќе атакува на врвот на Европа
Познат составот кој ќе атакува на врвот на Европа

Познат составот кој ќе атакува на врвот на Европа

Денес екипата на ЖРК Вардар за прв пат ќе има можност да игра во големото финале на ЛШ и да се бори ѕа европската круна. Наш противник во мечот за пехар е екипата на Ѓер. Познат е составот за првото историско црвено-црно финале Дибирова иде на сигурно тоа е тимот кој беше пријавен и вчера.

ЖРК Вардар: Суслина, Лејно, Песоа, Радичевиќ, Ристовска, Херем, Мавсар, Дамњановиќ, Хмирова, Лекиќ, Кликовац, Лакрабер, Алтхаус, Човиќ и Пенезиќ.

Мечот против Ѓер започнува од 17:45, кој ќе оди со директен пренос на МРТ-1. Им посакуваме среќа на црвено-црните, кои се надеваме ќе не израдуваат по завршување на овој дуел со европско злато.