Младинците на ФК Вардар стигнаа до убедлива победа, во рамките на 19 првенствено коло. Денес на теренот во населбата Јане Сандански, црвено-црните го совладаа тимот од Железарница со убедливи 8:2.
Тренерот Марковски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ф.Трајчевски, Б. Тодоровски, Исмаил, Ричков, Џуклески, Личина, Димитровски, А.Трајчевски, Најдоски, Даци.
Ердон Даци го отвори резултатот на 1:0, откако ја затресе противничката мрежа. Црвено-црните имаа доминација уште од првата минута на натреварот. Набргу зголемивме и на 2:0 со голот на Александар Трајчевски. Вардар денес беше доминантен на теренот и немаше поголеми проблеми денес да забележи победа. Следен кој се обиде беше Александар Најдоски, но без реализација. Обид имаше и Филип Стојчески, но неговиот удар завршува покрај голот на Металург. Втор гол на денешниот натпревар за Ердон Даци, кој зголемува на 3:0. Од левата страна нафрли Трајчевски, на топката со глава наиде Даци, кој ја сместува топката во голот. Во зицер шанса се најде и Есмин Личина, откако од левата страна повторно нафрли Трајчевски, но ударот на Есмин оди над голот. Прва измена во нашите редови и тоа на голманската позиција. во игра влегува Каев на местото на Трајчевски Филип. До крајот на првото полувреме постигнуваме уште еден гол во мрежата на Металург. Во листата на стрелци се запишува и Есмин Личнина, кој зголемува на 4;0. Обид имаше и Стојчевски, кој бие покрај противничкиот гол. На полувреме се заминува со резултат 4:0.
Во второто полувреме екипата на Металург успева да постигне почесен гол и да го намали резултатот на 1:4. Сепак Вардар успева повторно да погоди за веќе “петарда“ во мрежата на Металург. Прв гол на натпреварот постигнува и Александар Најдоски за водство од 5:1. Денес Александар Трајчевски одигра одличен натпревар и со својот втор гол зголемува на 6:1. Целосно доминиравме на теренот, набргу следи и гол на Личина за 7:1. Хет-трик на Александар Трајчевски за водство од 8:1. Втор гол на натпреварот и за Металург, за намалување на резултатот на 8:2. Ова беше и конечен резултат на крајот од натреварот.
На три кола пред крајот, екипите на Вардар и Шкендија имаат еднаков број на бодови. Во следното коло, Вардар гостува во Тетово, токму на екипата на Шкендија, каде може да се реши и идниот шампион на Македонија.