Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Одбраните во “пенал рулет“ на Петрушевска донесоа втора “бронза“ за РК Кастратовиќ во Јуниор лигата кај генер.2002/03
Одбраните во “пенал рулет“ на Петрушевска донесоа втора “бронза“ за РК Кастратовиќ во Јуниор лигата кај генер.2002/03

Одбраните во “пенал рулет“ на Петрушевска донесоа втора “бронза“ за РК Кастратовиќ во Јуниор лигата кај генер.2002/03

Во текот на денешниот ден во големата сала во С.Ц “Јане Сандански“ се играат натпреварите од финалниот дел во женска конкуренција во ракометната Вардар Јуниор лигата. Во дуелот за трето место кај дамите во  генерација 2002/2003 екипата РК Кастратовиќ Вардар  дојде до  “брозна“ . Тие беа  поуспешни во ова мало финале од екипата на РК Кисела Вода Вардар со резултат 16-14, откако регуларниот дел заврши со реми исход 14-14. Херој на победникот беше голманот Петрушевска која не беше совладана и по четири удари во нејзиниот гол.

Херојот Петрушевска!

Херојот Петрушевска!

Први со два гола на почетокот мечот го отворија девојките од Кисела Вода кои поведоа со 0-2. Нивниот ривал РК Кастратовиќ успеа да изедначи во средината на првиот дел на 4-4 и внесе неизвесност во овој дуел. Следеше период со малку погодоци во вториот дел од првото полувреме на ова женско финале во Јуниор лигата. На две минути до крајот на првиот дел влеговме со резултат 5-6 во корис на екипата на Кисела Вода, двата тима беа посебно посветени на одбраната во овој прв дел тешко се погодуваше покрај пожртвуваните дефанзиви на двата состава.  На одмор се замина со  резултат 7-6 преност на екипата на Општина Кисела Вода Вардар  на семафорот во големата сала при С.Ц “Јане Сандански“ во Скопје.

3 7 5

Вториот дел почна со со погодок на Опш.Кисела Вода Вардар за предност од 8-6. Во следните минути немаше многу погодоци па двата тима погодија само по еднаш и во 5 минута од вториот период од 20 минути колку што се игра во оваа категорија се влезе со предност на Кисела Вода со 9-7.  Следуваше тајм-аут за РК Кастратовиќ Вардар кој деевојките од овој тим го искористија и намалија на 9-8.  Во 9.минита на семафорот имаше резултатска симетрија, резултатобеше 10-10 што најави интересен расплет во последната четвртина од овој натпревар. Девојките на Кастратовиќ со два последователни гола се одлепија на 12-10 во 12 минута од вториот период.  Кисела Вода врати со иста мерка и најпрвин изедначи на 12-12, а потоа по добро изграна одбрана во напад погодија за 13-12 во 16 минута од вториот дел. Откако постигнаа по еден гол во последната минута се влезе со резултат 14-13 за Кисела Вода и напад за Кастратовиќ. Тие погодија за 14-14, а нивниот ривал имаше 15 секунди за напад во кој добија пенал кој заврши во гредата. По пеналите со 2-0 “бронзата“ заврши во рацете на РК Кастратовиќ Вардар. Kaj победникот А.Петковска постигна 5 гола, а 4 беа дело на Н.Неделковска, кај тимот на Кисела Вода со 10 гола прв стрелец беше А.Миленковска.

6