Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Ново Лисиче дојде до шампионската титула во Јуниор лигата со победа над РК Кале во финалето кај девојките во генер.2004/05
РК Ново Лисиче дојде до шампионската титула во Јуниор лигата со победа над РК Кале во финалето кај девојките во генер.2004/05

РК Ново Лисиче дојде до шампионската титула во Јуниор лигата со победа над РК Кале во финалето кај девојките во генер.2004/05

Денес  во големата сала во С.Ц “Јане Сандански“ се играат натпреварите од финалниот дел во Вардар Јуниор лигата. Во големото  финале за пехарот  кај девојките од генерација 2004/2005  се одигра едне навистина одличен и возбудлив дуел. Во истиот екипата на РК Ново Лисиче Вардар дојде до “злато“ во меч со РК Кале од Кичево со минимална победа 14-13.

1 4

Први со гол мечот го отворија девојките од РК Кале Вардар од Кичево кои поведоа со 1-0,  по што со два последователни гола девојките од скопската екипа го преземаа водството со 1-2. Резултатот во продолжение постојано беше реми, најпрвин беше 2-2, па 3-3,  следеше изедначување и на 4-4 и 5-5.  Ново Лисиче во финишот погоди за 6-5 и минимално водство.Двете екипи ова полувреме го одиграа со голема борбеност покажувајќи дека го посакуваа пехарот во своите раце.  Последна прилика по истекот на времето имаше  Сара Стефаноска за Кале Кичево која изведе 9.метри, сепак топката заврши во “живиот ѕид“ и на полувреме се замина со минимална предност на девојките од Скопје со 6-5.

2 3

Вториот период од 15 минути колку што се играат мечевите во оваа генерација почна со цврста игра на двата тима. Со еден “проектил“  Сара Стефаноска од 10сетина метри изедначи на 6-6 во 2 минута од вториот дел. Екипата на Ново Лисиче веднаш постигна гол и ја врати минималната предност поведувајќи со 7-6, потоа одигра добро во одбрана и  тоа го круниса со уште два гола во офанзива. Скопјанки поведоа со “три плус“ односно 9-6 во 6 минута, по што клупата на Кале Кичево побара минута одмор заради консултации. Стефановска стапи на сцена погоди за 9-7, потоа украде топка и отиде во контра по која беше фаулирана и доби пенал која го претвори во гол за 9-8 и ја врати неизвесноста.  Следуваа минути на Ново Лисиче кои успеа да се одлепат и да поведат со 12-9 во 12 минута од вториот дел. Следа минути на голема борба без многу погодоци  двата тима постигнаа само по едне гол во следните 3 минути за 13-10 на семафорот.  Со два брзи гола на 45 секунди до крајот кичевчанки намалија на 13-12 и внесоа “драма“ во мечот.  Сепак немаше време за нешто повеќе за кичевчанки и екипата на РК Ново Лисиче дојде до шампионскиот пехар.

5

Кај победникот Борјана Коцева имаше 6 гола, а нејзината сестра Бојана Коцева постигна 4 погодоци, кај екипата на Кале Кичево “блескаше“ Сара Стефаноска со 9 гола, а Михаела Вејановска ги постигна останатите три погодоци.