Денес, во рамките на 7.коло во Регионалната-Скопска Лига, генер. 2008 на ФК Вардар одигра дуел со екипата на Форца. По договор на клубовите, Вардар беше условно „гостин“ на спортскиот комплекс во населбата Хиподром. Момците на Колев дојдоа до победа со резултат 6-2.
Ние започнавме со овој состав: Денковски, Шоторовски, Јовановски, Јевтовски, Бојовиќ, Кесиќ, Митаноски, Идризи, Стамчевски, Буцевски и Блажевски.
Противникот прв се закани со удар од дистаца кон нашиот гол, сепак вардаровиот голман Денковски беше на место. Црвено-црните ја имаа првата закана преку Илија Митаноски, чиј обид беше блокиран од противничката одбрана. Отворивме преку Митаноски кој со удар од 25.метра постигна неверојатен евро-гол за почетно водство од 1-0. Буцевски успеа да ја удвои предноста исто така со атрактивен погодок од дистанца. Форца искористи една наша невнимателност и ја преполови предноста на црвено-црните, тие успеаа некаде на средината на првиот дел да намалат на 2-1. Сепак ние тргнавме во офанзива и успеавме да ја вратиме позитивата од два гола, за 3-1 погоди Омер Идризи со неговиот гол беше поставен конечниот резултат за првиот период.
Колев освежи од клупата во вториот дел, сепак и покрај тоа ние имавме ритам и продолживме да напаѓаме со сите сили кон голот на „домаќинот“ тимот на ФК Форца. Беше досуден слободен удар за црвено-црните, Буцевски со удар од дистанца ја стресе мрежата и ни донесе водство од 4-1. Истиот играч беше таличен за ривалот и во продолжението, со неговиот трет погодок на денешнава средба поведовме со високи 5-1.
До крајот двата тима имаа уште по една прилика која ја резализираа, најпрвин за нас погоди Омер Идризи, кој стрелаше за 6-1. Во последната шанса на оваа средба која донесе „затрезена мрежа’ ривалот само го ублажи поразот на 6-2.