Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар ген.2007 со високи 9-0 ја совлада Форца во Регионалната лига
ФК Вардар ген.2007 со високи 9-0 ја совлада Форца во Регионалната лига

ФК Вардар ген.2007 со високи 9-0 ја совлада Форца во Регионалната лига

Денес, во рамките на 7.коло во Регионалната-Скопска Лига, генер. 2007 на ФК Вардар одигра дуел со екипата на Форца. По договор на клубовите,  Вардар беше условно „гостин“  на спортскиот комплекс во населбата Хиподром. На оваа средба избраниците на Влатко  Колев дојдоа до висока победа со резултат 9-0 (8-0).

280575384_10221418217467070_4538624431648257110_n

Вардар: Лука Јаневски, Мичо Поповски (К), Рајчин Лука, Фуад Керими, Марко Крстевски, Петар Котевски, Петар Давитов, Иван Блажевски, Филип Смиљков, Михаил Јордановски и Стефан Јаневски.

280735912_10221418217787078_8901137615432234749_n

Веќе во 3.минута поведовме со 1-0, стрелец на голот беше Михаил Јордановски, по што тргнавме да ја удвоиме предноста. Во 5.минута од пенал  погоди Петар Давитов за предност со 2-0, а истиот играч во следната акција во 7.минута стрелаше и за високи 3-0 за црвено-црните момци. До крајот се играше целосно пред голот на ривалот, ние успеавме да погодиме уште пет пати за високи 8-0.

280038205_10221418236147537_480674578184860627_n 280487369_10221418224987258_8430531656609923541_n 280106226_10221418214146987_1028603846257508824_n

Најпрвин погоди Филип Смиљков (4-0), потоа за 5-0 Фуад Керими, со неговиот 3-ти гол Петар Давитов зголеми на 6-0 на 6.минути до крајот на првиот дел. Во последните 5.минути од првиот период имавме уште два погодока, едниот беше дело на Марко Крстевски, а другиот го постигна Петар Давитов. 

0

Во вториот дел црвено-црните им дадоа шанса на играчите од клупата, падна темпото значајно во однос на првиот период. Сепак гостинот не се закани ниту еданаш сериозно кон голот на момците на Колев Влатко.  Во вториот дел постигнавме уште еден гол со кој дојдовме до конечните 9-0 на оваа средба, стрелец на истиот беше Иван Блажевски.

280018112_10221418212746952_4257777062561964472_n