Saturday ,12 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар ген.2009 „препородени“, на чело со Кралевски до два пехара во Бугарија, нивниот „кормилар“ настапи за тимот на „Балканските фудбалски ѕвезди„ (ФОТО)
Вардар ген.2009 „препородени“, на чело со Кралевски до два пехара во Бугарија, нивниот „кормилар“ настапи за тимот на „Балканските фудбалски ѕвезди„ (ФОТО)

Вардар ген.2009 „препородени“, на чело со Кралевски до два пехара во Бугарија, нивниот „кормилар“ настапи за тимот на „Балканските фудбалски ѕвезди„ (ФОТО)

Генерацијата на ФК Вардар родени 2009 оваа сезона ја презема, Игор Кралевски. Под негово водство тие во детската лига се на врвот на табелата по есенскиот дел.  ФК Вардар(1)   воопшто и не е поразен во есенскиот дел. Тимот доста напредна под водство на новиот стратег, доби компактност и воиграност. Екипата е на сосема друг левел оваа есен.

k

Тие настапија во последните два месеца,  на два меѓународни турнири под негово водство во Бугарија. На двата настапи дојдоа до нивните два први меѓународни пехари. Успеаа да бидат најдоминантна екипа на „Дупница Куп“ и меѓународниот турнир во Панаѓуриште-Бугарија, каде  во финалниот дуел ја победија екипата на Левски-Раковски. Тимот има напредок кај сите играчи, на вториот турнир не се прогласуваа поединечни награди на првиот: Баснарков  беше најдобар голман, додека Папалиски најдобар играч.

k2

k7

Покрај ова на турнирот во Панаѓуриште-Бугарија се одига еден интересен дуел во кој учестуваа „ѕвездите“ на Бугарскиот фудбал и „ѕвездите“ на Балканот. Игор Кралевски настапи за балканскиот тим, поранешниот играч на Хајдух и рускиот прволигаш Л.Енергија настапи со Артин Шакири и дузина други Ѕвезди.

k8