Денес на теренот во населбата Јане Сандански, своето 13.коло во младинските фудбалски лиги го одиграа кадетите и младинците на Вардар.
Кадетите на Вардар се вратија на победите, откако го совладаа тимот на Шкупи. Црвено-црните славеа со резултат 2:0. Головите паднаа во второто полувреме од дуелот. Азер Омерагиќ беше играчот кој успеа да го отвори резултатот на 1:0 со гол во 60 минута, додека конечните 2:0 на натпреварот ги постави нововлезениот Атом Фазлиу со погодок во 82 минута.
Вардар: Китановски, Радуловиќ-Величковиќ, Асани, Петејчук, Ѓурковски, Крстевски, Хасани, Гугуљанов, Омерагиќ, Речица, Игнатов.
Во игра влегоа уште и Салиу, Фазлиу и Шабани.
Младинците на Вардар иако беа подобрата екипа на теренот, сепак на крајот останаа без бодови. Екипата на Шкупи триумфираше минимално со резултат 0:1, со погодок во вториот дел од мечот.
Вардар: Стојковски, Мирчевски, Костовски, Мицевски, Манасиевски, Хасановиќ, Ристовски, Ангелковски, Демири, Кртовци, Трајановски.