Денес се одигра последното, петто коло во женската младинска лига за Вардарки во есенскиот дел. Сосема очекувано на домашен терен во „Јане Сандански“ избраничките на Ристова, Црвеновска и Царчев ја совладаа екипата на РК Кузман од Населба Илинден. Победата за црвено-црните дами дојде со резултат 48:20 (22:9).
Стандардно ние доминиравме уште по првата судиска свирка на овој дуел. Отворивме со високи 4-0на стартот на нашиот гол Трајковска не дозволи затресување на нејзината мрежа. Ривалот успеа да направи баланс и намали на 7-4. Вардарки ја подобрија играта во одбрана, имаа расположен чувар на мрежата кој бранеше и седмерци, па почнаа да итаа кон двоцифрена предност, успеавме во последната третина од дел да влеземе со 17-7. На одмор заминавме со предност од 22-9.
Во вториот дел започна со иста серија 4-0, нашите девојки погодија четири пати, а на голот нововлезената Грујовска беше без примен гол. Ние победовме со 26-9. Лесно беше да се игра во продолжение, ние доминиравме на теренот и од минута во минута ја “пумпавме” предноста, во одбрана бевме на ниво, Грујовска сопра покрај зицери и два пенала. Победата дојде 28.гола позитива. Ние овој последен есенски дуел го добивме со резултат 48-20.
На овој дуел се истакнаа со најголема цифра Симона Грујовска таа имаше 9 одбрани и два пенала, со 8ка зад своето име заврши крилото Јаковчевска Ива, иста бројка имаше и Јована Трајкоска, нашата голманка 8 удари кон кон нивниот гол. Расположеното крило, Фани Ѓорѓиевска погоди шест удари, а по пет гола имаа бековире, Николиќ Милица и Ана Марија Божиновска.