Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Промена на термин за реваншот со Порто
Промена на термин за реваншот со Порто

Промена на термин за реваншот со Порто

Од ракометниот клуб Вардар на својата официјална страница известија за промена на терминот за нашето гостување во Португалија. За мечот кој ќе се игра во идната 2020 година во информацијата се вели:

ЕХФ со соработка со домаќинот на натпреварот, екипата на Порто направи измена на саатницата на одигрувањето на натпреварот со Вардар.

Средбата е закажана за 22 февруари 2020 година. Новата саатница на одигрување на натпреварот е 16 часот.

Тоа е меч од 13 коло во Б групата од ЕХФ лигата на шампионите. На првиот натпревар одигран во Скопје победи Вардар со 32-27.

Моментно на табелата Порто има 10 бода, еден повеќе од Вардар.