Младинците на Вардар, денес беа домаќини на Академија Пандев, на еден дуел на кои имавме игра и шанси сепак бевме поразени, со резултат 0-1 (0-1).
Вардар: Филевски Никола, Фидановски Зоран, Јовановски Филип, Ибраим Левент , Стојановски Стефан , Дошев Ѓорѓи , Анчевски Никола , Здравковски Симеон , Алексоски Андреј , Стојилевски Марко и Спасиќ Тино.
На почетокот тргнавме офанзивно, најпрвин се закани од дистанца Зоран Фидановски, веднаш по тоа свој обид крај голот имаше и Спасиќ Тино. Двете пропуштени шанси во воведните минути беа казнети од ривалот кој по корна од десната страна погоди за 0-1 во 5.минута од единствениот удар во првиот дел за струмичани. По голот ние тргнавме повторно офанзивно по одлична асистенција на Анчевски Никола, топката ја доби на 10.метра Алексоски Андреј ги исфрли чуварите, но голманот ја допре топката со врвот на прстите и истата по ударот во стативата заврши во корна. По изведувањето на истата со глава биеше капитенот, Стојилевски Марко. Имавме тотална офанзива, но потфрливме во реалзиацијата.
Две прилики имаше и Дошев Ѓорѓи, најпрвин од слободен удар упати шут кој голманот на струмичани го одбрани. Во следниот напад, се обиде со удар од дистнаца, но истиот мина крај стативата. Се редеа шанси, до крајот на првиот дел кој за жал го завршивме со негатива имаше обид и Спасиќ Тино. Во вториот дел се повтори сликата, сепак денес реализацијата не беше наша посилна страна, гостинот со единствениот гол во 5.минута успеа да не совлада со 0-1 на оваа младинска средба.
Играше уште и Стојановски Христијан.