ЖРК Вардар го освои 3.место на меѓународниот турнир во Слобозија, Романија, денес на последната средба против ЦСМ Дева, најдобриот тим на турнирот бевме поразени со 37-27.
Вардарки одлично го отворија натпреварот, тие имаа постојано предност од гол-два се до 20.минута. Потоа потфрливме во реализиацијата, имавме одличен противник, најдобар на турнирот. Тренерот Царчев кратко ни изјави дека е задоволен од играта на денешниот дуел и на турнирот воопшто, сите девојки кои беа во Романија прикажаа одлични игри, овие силни меѓународни дуели ја подобрија подготвеноста на тимот пред продолжување на сезоната.
Ривалот замина на одмор со предност од шест гола (20-14), победата ја остварија девојките од романскиот тим со резултат 37-27 на овој последен натпреварувачки ден на меѓународниот турнир во Романија.
Трпевска беше повторно најдобар стрелец со 10.гола, Магдалена Тошевска даде 7.гола, а Максимовска погоди три пати. Голманките денес беа одлични, Илиќ имаше 8.одбрани, Трајкоска имаше 7.интервенции, а најмалата Ѓорѓиевска впиша 2.одбрани.