Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Со голот на Туша, кадетите го совладаа тимот на Академија Пандев
Со голот на Туша, кадетите го совладаа тимот на Академија Пандев

Со голот на Туша, кадетите го совладаа тимот на Академија Пандев

Кадетите на Вардар, денес на „Локомотива“ беа домаќини на Академија Пандев во дуел од Супер лигата. На оваа средба  остваривме минимална, но заслужена победа со резултат 1-0 (1-0).

315044024_143342588452836_7447283441440254394_n

Вардар:  Данстак Андреј,  Трајчевски Александа,  Митревски Матеј,  Кулуковски Влатко (К), Ајетовиќ Нуман, Бундалески Максим,  Туша Агрон, Сековски Дарко, Стефановиќ Виктор,  Нурединовски Алтин и  Радевски Филип.

Тргнавме офанзивно на самиот почеток, имавме доминација па тоа донесе ран погодок. Веќе во 13.минута по една одбиена топка, најдобро реагираше Туша Агрон кој стрелаше за 1-0. Противникот се закани, но Данстак денес беше на ниво на нашиот гол. Се редеа шанси пред голот на Струмичани, се заканија Алтин Нурединовски  и Бундалески Максим, но не донесе тоа удвојување на предноста.  Последна голема прилика во првите 45.минути имаше за црвено-црните Сековски Дарко.

315309711_143342408452854_8656471512692170538_n 314417955_143342558452839_9061167256440719587_n

Вториот дел го започнавме како што го завршивме првиот, со офанзива кон голот на гостинот. Прва голема прилика имаше нововлезениот,  Кузмановски Михаил кој погоди пречка со удар од дистанца. Опасен удар имаше кон голот на ривалот и Нурединовски Алтин, сепак голманот на струмичани успеа да скроти. По една контра можевме да бидеме казнети за сите промашувања, топката мина за малку крај нашиот гол. До крајот со офанзивна игра ја бреневме предноста и дојдовме до три бода.

Играа уште и Кузмановски Михаил и  Петровски Андреј