ФК Вардар продолжува да гази во Анталија, овој пат на менито на нашиот тим беше кинескиот
суперлигаш екипата на Гуижу Рене.
Црвено – Црните на овој натпревар покажаа моќ.
Стрелци на головите за нашиот тим беа Хамбарџумјан во 25 минута, и Никола Глигоров во 57 минута.
Вреди да се напомене дека и свое деби во вардаровиот дрес имаше Сенијад Ибричиќ, големото засилување за Вардар успеја да запише и асистенција, кога директно учествуваше во голот на Глигоров со убав центаршут. Вардар на подготовките за пролетниот дел успеа да наниже 4 победи од исто толку мечеви и што е вредно да се спомене по 360минути фудбал нашата мрежа е незатресена . Очигледно нашите голмани и одбраната се на висина на задачата.
ФК Вардар по оваа победа,ќе има три дена тренажен процес, па потоа нова 5-та контролка во Анталија.
*И селекторот Бошко Гуровски го следеше денешниот меч во Анталија.
Фото:фквардар.мк