Tuesday ,08 October 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борачите во посета на С.Ц Јане Сандански
Борачите во посета на С.Ц Јане Сандански

Борачите во посета на С.Ц Јане Сандански

bor

Халил Зубаиров и Тимур Кхамикоев

 

Делегацијата на БК Вардар денес беше на посета во С.Ц Јане Сандански домот на Вардар . Борачите Халил Зубаиров и Тимур Кхамикоев заедно со шефот на стручниот штаб на Борачите Професорот Љубиша Пешко  заедно го посетија објектот кој е дом на двете црвено-црни ракометни секции.

Се запознаа со капацитетите во овој најмодерен спортски објект во Македонја.Се уверија дека сите можности за подготовки , ги поседува овој објект. Инаку БК Вардар е во борба да ја исполни својата цел која е многу амбициозна а тоа е присуство на борачи од БК Вардар ни помалку ни повеќе на Олимпијадата Рио-2016,а зашто не и медал освоен од борач на Бк Вардар.

Целта да се создаде база во Македонија е веќе исполнета, Вардар е број еден тим кадровски ,организациски во Македонското борење.Во БК се вратени сите, основачите на борењето во земјава, екс селектори на Македонија и СФРЈ како и неколку други квалификувани тренери .За жал укинувањето на лига системот во Македонија е мал проблем со кој се соочува Борачкиот клуб Вардар. Дали ова е почеток на некоја соработка или ..!? Следете не за сите промени наскоро !

bor7

Тимур Кхамикоев во дресот на имењакот Дибиров

 

bor3

Leave a Reply