Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Младите надежи на КК Вардар гости на Анадолу Ефес
Младите надежи на КК Вардар гости на Анадолу Ефес

Младите надежи на КК Вардар гости на Анадолу Ефес

КК Вардар генерација 2001 денес отпатуваа за Турција каде ќе бидат гости на Анадолу Ефес.На покана од големиот турски гигант,момците предводени од Младен Јегдиќ и Никола Данев ќе бидат гости во нивниот тренинг центар во следните четири дена.Во самиот комплекс на Анадолу Ефес ќе престојуваат и ќе се хранат нашите кошаркари.Овие момчиња ќе имаат можност да се натпреваруваат со најдобрите екипи во оваа земја.Покрај Домаќинот на турнирот,Ефес,ќе настапат и екипите на Галатасарај и Фенербахче.

Веќе утре од 15:00 го играат првиот натпревар против екипата на Анадолу Ефес.Ваквите настапи се од големо значење за еден млад спортист,преку кои созреваат во големи професионалци.Честа да се добие покана од една ваква екипа,ја имаа токму надежите на КК Вардар.Веќе следната недела ќе отпатуваат и момчињата родени 2002,кои ќе замат учество на истиов турнир.

Leave a Reply