Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Габриела Костадиновска:Во вториот дел од сезоната очекувам подобри игри и резултати.
Габриела Костадиновска:Во вториот дел од сезоната очекувам подобри игри и резултати.

Габриела Костадиновска:Во вториот дел од сезоната очекувам подобри игри и резултати.

Кадетската екипа на Жк Вардар продолжува со тренинзи и напорна работа како би биле подготвени за вториот дел од сезоната,кој започнува на крајот од месецов.

-Три години сум дел од кадетската екипа на Жрк Вардар,и сум задоволна од досегашните резултати.Во изминативе сезони имавме неколку титули,така и оваа сезона се надевам на освојување на трофеј.Првиот дел од сезоната помина добро,со солидни резултати на нашата екипа.Така очекувам да продолжи и вториот дел,со подобра игра и резултати, а тоа ќе го добиеме со напорна работа и труд.

Избраничките на Благојче Весиќ и Билјана Пецевска беа дел и од турнирот Вардар-еден живот,една љубов,во организација на ракометниот клуб Вардар,на кој го освоија првото место.

-Турнирот еден живот една љубов кој беше организиран од страна на нашиот клуб,помина онака како и што замисливме да го освоиме првото место.На крајот и тоа се случи.За мене тоа беше едно ново и големо исксутво.Мислам дека оставивме добар впечаток со нашата прикажана игра,ни изјави Габриела Костадиновска за нашиот сајт.

Габриела Костадиновска има 15 години и настапува на позицијата пикер,и се смета за голема надеж на Вардар и Македонскиот ракомет.

Звонко Ивановски

Leave a Reply