Фудбалерите на Вардар го дознаа распоредот за новата натпреварувачка сезона во ПМФЛ, но сеуште незнаат каде ќе играат во истата… Дали повторно на стадионот во Маџари, или пак на Градскиот стадион во Скопје, каде што секако посакуваат да се вратат.
Денеска Арена Спорт ТВ постави и неколку услови за да може да се емитува пренос од првенствен натпревар, па според условите, стадионот во Маџари не ги исполнува истите, па доколку Вардарци се решат да играат повторно на овој стадион, нема да има пренос од дуелите на скопските “црвено – црни”.
Во овој момент, не се исклучува и можноста Вардар во новата сезона да игра на терените на ФФМ.
Клубовите кои ќе бидат домаќини, ќе мора да ги исполнат oвие услови:
– Платформа за камери за безбеден, непречен и квалитетен пренос
– Непречено снабдување на електрична енергија
– Адекватен простор за репортажни возила
– Посебен и адекватен простор за коментатори
– Простор и достапност за давање изјави на лицата од стручниот штаб и играчите
– Достапност на барање на реализаторот (Арена Спорт ТВ) на фудбалерите и стручниот штаб за промотивни цели
– Да се промовира логото на реализаторот (Арена Спорт ТВ) како прес банер и во флеш зоната, кога играчите и тренерите ќе даваат изјави
– Сите останати медиуми кои сакаат да го снимаат натпреварот ќе мораат да бараат дозвола од реализаторот (Арена Спорт ТВ). Тоа значи дека не смее да се презентираат голови или куси снимки на било кој медиум, без ако тоа претходно не го одобри реализаторот (Арена Спорт ТВ)