Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Slider > Големо финале за пионерите на ФК Вардар, Давков и Стојковски „херои“ за црвено-црните
Големо финале за пионерите на ФК Вардар, Давков и Стојковски „херои“ за црвено-црните

Големо финале за пионерите на ФК Вардар, Давков и Стојковски „херои“ за црвено-црните

Големо финале за пионерите на фудбалскиот клуб Вардар, на турнирот „Христов Бонев“ кој се одигрува во Боровец. Попладнево во полуфиналето избраниците на Стгефановски-Гаге, дури после изведување на удари од белата точка успеаа да ја елиминираат силната екипа на Будуќност од Црна Гора.

Во регуларниот дел натпреварот заврши со нерешен резултат 2:2. Иако на два пати губевме на овој меч, сепак успеавме да се вратиме во игра. Екипата на Будуќност прва успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1:0, откако еден од нивните играчи со глава успева да го совлада нашиот голман. До крајот на првиот дел, противникот од Подгорица постигна уште еден гол, но овој пат во сопствената мрежа, што значеше израмнување на 1:1.

Во второто полувреме исто така се играше цврсто, а Будуќност повторно ја враќа предноста од 2:1. Сепак во последните шест минути од мечот, проследивме евро гол на Грегори Давков, од слободен удар од околу 30 метри, што значеше израмнување на 2:2.

Се пристапи на изведување на пенали, во кои подобро се снајдоа вардарци, триумфирајќи со резултат 4:3. За нас погодија Стојчевски, Живков, Давидовски и Ѓорѓоски, додека Лука Стојковски успеа да одбрани два пенали на противникот.

Вардар: Стојковски, Давков, Сељанац, Ѓоргоски, Јовановски, Ѓорѓиевски, Давидовски (c), Стојчевски, Мирков, Живков, Стојановски.

Во големото финале ќе играме против екипата на Лудогорец.

67539469_2272515306334308_2482392347199930368_n