Во недела со почеток од 10 часот на теренот во Ѓорче, свој натпревар ќе одиграат кадетските екипи на Македонија Ѓ.П и Вардар. Црвено-црните се фаворите на овој натпревар и се очекува да ја продолжат победничката серија и борбата за титулата.
-Се спремаме максимално, атмосферата во екипата е на високо ниво. Во недела гостуваме на екипата на Ѓорче. Екипа која ја елиминиравме во 1/4 од купот на Македонија. Секоја утакмица за нас е од големо значење. Поквалитетни сме од противникот. Очекувам дека во недела ке оствариме голема победа, со што ке докажеме зошто сме есенски шампиони, изјави голманот на кадетите Ѓоргиоски за Вардарфанс.
Звонко Ивановски