Реванш натпреварот од купот на Македонија беше само формалност за избраниците на Љупчо Марковски.Викендов забележаа нова победа против Македонија Ѓ.П. со резултат 5:2.На првиот меч одигран во Ѓорче исто така забележаа победа од 1:4,и така се пласираа во 1/2 од националниот куп.Ердон Даци и Александар Најдовски постигнаа по два гола,а во листата на стрелци се запиша и Јасир Беќири.
-Натпреварот беше тежок,но бевме добро спремни за овој меч и сите го дадовме максиумот.Во првите 15 минути успеавме да постигнеме дури три гола,на крајот од првото полувреме уште еден,со кој го решивме победникот.Во последните десет минути,поради високиот резултат малку се опуштивме и дозволивме да примиме два гола.Важно е што забележавме нова победа и се пласиравме во 1/2 од купот,изјави Александар Најдовски за Вардарфанс мк.
25.11.2014
Звонко Ивановски