Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити членски 2015 за само 250 денари

Комити членски 2015 за само 250 денари

Комити издадоа  соопштение за Членски Карти за пролетниот дел од сезоната 2014/15 година, ви го пренесуваме соопштението во целост.

Навивачката група Комити Запад ги известува своите членови дека во текот на зимската пауза воведува членски карти за втората полусезона 2014/2015. Воведувањето на членски карти ќе ја подобри координацијата во групата, а воедно и ќе ги намали трошоците на самите членови на групата.

CLEN

Членската карта за еден вистински навивач е од огромно значење,помагањето на функционирањето на групата, чувството на припадност и гордоста да се биде член на самата група. Групата преживува тежок период на репресии и притисоци, па затоа и самите членови не сакаат да вадат членски карти на кои ги има личните податоци. Затоа одлучивме на овие членски карти да нема никакви лични податоци. Членските карти ќе бидат изработени од високо квалитетен материјал. Со самото вадење на членска карта покрај помагањето на функционирањето на групата, членовите ќе добијат и одредени привилегии кои оние кои нема да ја извадат членската нема да ги имаат.

Цената на членските карти ќе биде симболични 250 денари, а со тоа ќе биде достапна за сите. Со неа членовите ќе добијат загаранирани билети за сите домашни натпревари (вклучувајќи ги и европските натпревари) и обезбедени места при гостувања надвор од Скопје. Исто така членовите ќе имаат предност при купување на реквизити од групата, а со тоа и стандардна цена на производите, додека оние без членска карта за реквизит од Комити ќе мора да платат 20% поскапо од стандарната цена.
Новост од оваа зимска пауза е тоа што ќе се вадат реквизити кои ќе може да се набават исклучиво со членска карта. Доколку немате членска карта нема да бидете во можност да добиете одредени реквизити од групата. Деновиве ќе бидат пуштени и два вида на шалови, од кои едниот ќе биде во слободна продажба, а другиот ќе може да го набавите исклучиво ако сте членови на навивачката група. Исто така за во блиска иднина се планираат и зимски капи како и дуксери.

Во врска со цената на билетите за натпреварите :

ФК Вардар (домашно првенство)

  •  Со членска карта цената ќе биде 50 денари. Без членска цената ќе биде 100 денари. (важи за домашните натпревари)
  • Предност пред оние кои немаат членска карта при организирано гостување надвор од Скопје
  •  Предност при купување на билети за европските натпревари

РК Вардар

  • Бесплатен влез на натпреварите од домашното првенство и куп. Без членска цената ќе биде 50 денари.
  • Бесплатен влез на натпреварите од СЕХА Лига. Без членска цената ќе биде 100 денари.
  •  Загарантиран билет за натпреварите од Лигата на Шампиони по цена од 100 денари. Без членска цената ќе биде 350 денари.
  • Предност пред оние кои немаат членска карта при организирано гостување надвор од Скопје

Членските карти ќе се подигаат на лице место, односно при самата уплата. За времето и местото на продажба ќе бидете дополнително известени.

Leave a Reply