Фк Вардар У 18 е есенски шампион за оваа година,во својата категорија.Во последното коло од првиот дел од сезоната,ремизираа 1:1 со екипата на Шкендија.Сепак со исти бодови,но подобра гол разлика од Металург остануваат на првото место на табелата.Есмин Личина беше стрелец на голот за Вардар.
-Денес бевме подобри од екипата на Шкендија,кај што јас бев стрелец во 15 минута.После постигнатиот гол имавме уште две стопроцентни шанси кои не ги искористивме.Потоа стигна казната,примивме гол од слободен удар.Во второто полувреме бевме многу подобри каде имавме многу шанси,но сепак немавме среќа.Остануваме на првото место,но сега со исти бодови со Металург,но подобра гол разлика.Се надевам во вториот дел од сезоната дека ќе почнеме добро,и да завршиме со титула.Да бидеме онаму каде ни е место.Ние сме Вардар и нема друга опција освен шампиони,изјави стрелецот на голот Есмин Личина за Вардарфанс мк.
Оваа генерација е најдобра од сите вардарови категории,со 7 победи,4 нерешени дуели и ниеден пораз.
Звонко Ивановски
02.12.2014