Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на Вардар освојувачи на “Скопје куп 2014“

Младинците на Вардар освојувачи на “Скопје куп 2014“

Младинците на Фк Вардар генерација 97 предводени од Петар Ѓеоргиевски се победници на меѓународниот турнир “Скопје куп 2014“ кој од 24-29 јули се играше на неколку фудбалски терени во Скопје.За да стигнат до големото финале во кое ја совладаа екипата на Војводина од Србија со 1:0,претходно во групната фаза одиграа четири натпревари.Во првото коло отворија токму против екипата која и ја совладаа во финалето,Војводина овој пат ремизираа со резултат 2:2.Стрелци на головите на овој дуел беа Петар Петковски и Сабахудин Аломеровиќ.Вториот противник беше струмичкиот тим Академија Пандев,со кој одиграа без голови 0:0.Веќе од третиот натпревар почнаа победите за црвено-црните ,кој прво ја прегазија екипата на Град Скопје со високи 4:0 (Ѓ.Малов,С.Василевски,С.Аломеровиќ и И.Абази),за во четвртото и последно коло од групната фаза да совладаат и екипата на Славија Софија.На овој решавачки дуел повторно во противничката мрежа стрелаа, Аломеровиќ и Петковски.

10527289_296105807228819_5656594654430133507_n
Во 1/2 екипата на Вардар се сретна со Тетовска Шкендија,во кој во еден интересен и неизвесен дуел Вардаровите момци успеаа да излезат како победници,со головите на С.Аломеровиќ,П.Пековски и Т.Велковски.Во големото финале кое се одигра на Арена Филип Втори,Вардар беше поуспешен од екипата на Војводина со единствениот гол на овој натпревар,повторно дело на Сабахудин Аломеровиќ во 8 мин.За најдобар играч во финалето беше прогласен чуварот на мрежата на Фк Вардар Филип Трајчевски ,кој имаше одлични интервенции во текот на целиот меч.Најдобри стрелци во Вардар на турниров беа Сабахудин Аломеровиќ и Петар Петковски.

29.07.2014

Звонко Ивановски

Leave a Reply