Младинците на Фк Вардар (У 19) со победа ја започнаа новата сезона,на гостински терен против екипата на Пелистер.Противничката мрежа два пати ја затресе Кристијан Апостоловски,а еден гол постигна Кристијан Николовски.Момците ги предводи тренерот Петар Ѓеоргиевски.
-Пресреќен сум што го започнавме првенството со победа,и успеавме да го победиме вечниот ривал,екипата на Пелистер во Битола.Секако дека резултатот задоволува,цела екипа изигра агресивно и на многу високо ниво,и мислам дека заслужено победивме.Сакам да продолжиме да играме се подобро,и да ја оствариме зацртаната цел,а тоа е двојната круна,изјави двојниот стрелец Кристијан Апостоловски за Вардарфанс. мк.
Во второто коло ,противник е екипата на Македонија Ѓ.П.
Состав:Мирза Дураковиќ,Стефан Тасески,Миомир Матиќ,Александар Трифунов,Зоран Недевски(капитен),Кристијан Николовски,Кристијан Апостоловски,Филип Стојановски,Сабахудин Аломеровиќ,Петар Петковски и Енсар Сулејмани.
Резерви:Александар Ѓоргиоски,Христос Папули,Петар Спировски,Тони Мирчевски,Екрем Мемеди,Стефан Василевски и Димитар Трајковски
23.08.2014
Звонко Ивановски