Екипата на Фк Вардар(У 19) запишаа нова победа,овој пат на домашен терен против екипата на Македонија Ѓ.П. со резултат 2:0.Повеќе од заслужена победа на овој меч за црвено-црните,кои покрај двата гола дело на Аломеровиќ и Петковски,имаа уште неколку одлични шанси да постигнат гол и да забележат поубедлива победа.
Токму стрелецот на еден од головите,Сабахудин Аломеровиќ ја има првата шанса на натпреварот.По една акција на Вардар Филип Стојановски асистираше до Аломеровиќ, кој успеа да се ослободи од еден противнички играч и да пласира во десниот долен агол на противничкиот голман кој успеа да одбрани.Аломеровиќ изведува корнер,голема грешка на голманот кој ја испушта топката од раце и завршува во неговиот гол,за водство на Вардар од 1:0.Кристијан Николовски изведува слободен удар,неговиот удар го брани голманот на Македонија Ѓ.П.Продолжуваат нападите на Вардар,овој пат во акција Петар Петковски кој уфрла една прецизна топка кон Аломеровиќ кој избива пред голот на противникот,но за малку бие непрецизно покрај голот.Пред постигнувањето на вториот гол,треба да се одбележи уште една шанса на Аломеровиќ.Конечно одличната игра на Вардар резултира со втор погодок,овој пат акцијата започна од капитенот Зоран Недевски,кој додава до Аломеровиќ,а овој до Петковски кој успева да постигне гол и да го постави конечниот резултат на овој натпреавр од 2:0.
Фк Вардар(У 19) под водство на Петар Ѓеоргиевски имаат максимални 6 бода по првите две одиграни кола.Следен натпревар е во купот, против екипата на Хоризонт Турново на гостински терен.
31.08.2014