Членот на Фк Вардар (У 19) и на Фудбалската репрезентација на Македонија до 18 и 19 години,Петар Петковски беше стрелец на еден од головите за Вардар кои остварија нова победа во младинската лига.Вардарци во второто коло на домашен терен беа подобри од своите врсници од Македонија Ѓ.П победувајќи со 2:0.
-Мојот првенец во оваа сезона,токму против екипата во која израснав и во која сум уште од мал.Натпреварот беше до некаде израмнет,но сепак Вардар за нијанса беше подобар.Успеавме да забележиме победа и да додаме нови три бода, изјави Петар Петковски за Вардарфанс мк.
Петар Петковски кој е и капитен на Македонската фудбалска репрезентација до 18 години,летово стигна во Вардар токму од екипата на Македонја Ѓ.П.Петковски заедно со Аломеровиќ беа најдобри стрелци кај црвено-црните на освоениот “Скопје куп 2014“,и несомнено е големо засилување за Вардар.Исто така и голема иднина на македонскиот фудбал,чие време допрва почнува.
02.09.2014
Звонко Ивановски