Момците на Петар Ѓоргиевски продолжуваат со убедливи игри и во Купот на Македонија.По двете победи во првенството,екипата на Фк Вардар У 19 продолжуваат во ист ритам и во купот.Противник во 1/16 беше екипата на Хоризонт Турново.Натпреварот се одигра во Струмица,на кој црвено-црните остварија победа со резултат 0:3.Стрелци на головите беа Филип Стојановски(2) и Петар Петковски.
-Куп натпреварите секогаш се тешки,особено кога противниците играат против нас,затоа што ние сме Вардар, и сите го даваат својот максиум со нас.Екипата на Турново пружи отпор колку што можеше,но ние бевме подоминантни.Ниту во еден момент не помисливме да се повлечеме,па затоа и паднаа три гола.Целосниот впечаток е дека одигравме квалитетен и тежок натпревар.Одиме во следната рунда,изјави Филип Стојановски,за Вардарфанс.мк.
07.09.2014
Звонко Ивановски