Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вториот тим на Жрк Вардар со нови сили во новата сезона.
Вториот тим на Жрк Вардар со нови сили во новата сезона.

Вториот тим на Жрк Вардар со нови сили во новата сезона.

Втората екипа на Жрк Вардар со изменет состав ќе влезе во новата натпреварувачка сезона.Екипата покрај во Женската супер лига,ќе се натпреварува и во ЕХФ купот.Во новата сезона клубот ќе го предводи Симе Симовски кој дојде од Жрк Металург Скопје,а негов помошник ќе биде Александар Царчев кој беше дел од Вардар и изминатата сезона.

Клубот го напуштија неколку ракометарки и тоа:Ивана Саздовски,Фросина Крстевска,несудените Македонски репрезентативки Ана Виноградова и Екатерина Љубљана,како и трите ракометарки кои беа прекомандувани во првиот тим на Жрк Вардар(Драгана Петковска,Симона Стојановска и Сара Митова).

Неколку нови играчи пак ја засилија екипата:Теодора Керамитчиева,Ангела Тодоровска,Клаудија Георгиевска,Ивана Гакидова(дојдоа од Жрк Металург Скопје),потоа Леонида Гичевска,Нина Ладева,Габриела Џини(кои беа прекомандувани од младинската екипа на Вардар).

Екипата ќе замине на подготовки,кои ќе се одвиваат во Аранѓеловац(Србија) каде ќе одиграат неколку подготвителни натпревари во кои ќе ја темпираат формата пред новата сезона.

Фото:жрквардар.мк

30.07.2014

Leave a Reply