Нов неуспех и пораз за младинците на Вардар,овој пат од екипата на Ренова со 1:0.Ова е четврти пораз по ред за Вардарци,кои на овој натпревар ги водеше Љупчо Марковски,кој го заменуваше Петар Ѓоргиевски.
-Знаевме уште пред да тргнеме за Тетово,дека ова ќе биде тешко гостување за нас.По трите порази по ред,притисокот кон нас беше голем,ако се земе во обзир дека допатувавме и без тренерот кој беше болен.На почетокот на натпреварот ја имавме играта со мали закани кон голот.Потоа следуваше казна од противникот кои постигнаа гол.Откако примивме гол во 5 минута,топката беше во 90% во наш посед.Следуваше и една 100% шанса,но ја погодивме само стативата.Потоа без многу шанси заврши првото полувреме.Во вториот дел повторно погодивме статива,очигледно среќата не беше на наша страна.Во последните 10 минута од мечот,имавме уште една убава шанса но без реализација.Тука веќе паднавме,судиите секој дуел го свиреа против нас.Така голот од 5 минута беше краен за нас,изјави Александар Трифунов за Вардарфанс мк.
13.10.2014
Звонко Ивановски