Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Две победи,еден нерешен резултат и еден пораз за генерациите на Фк Вардар,против екипата на Милано

Две победи,еден нерешен резултат и еден пораз за генерациите на Фк Вардар,против екипата на Милано

-Најмладата генерација на Фк Вардар,која се натпреварува во младинската лига одигра без голови 0:0 против екипата на Милано на гостински терен..После две убедливи победи во претходните кола,следи нерешен резултат,на тешкото гостување во Куманово.

-Екипата на Фк Вардар У 17 се враќа со пораз од Куманово.Во 7 коло од младинската лига беа поразени со 2:0 од екипата на Милано.

1975066_547230798729622_1639412570_n-660x330

-За разлика од помладите пионери,кадетите на Фк Вардар У 18 забележаа убедлива победа.Тие беа подобри од своите врсници од Милано,со петарда во противничката мрежа совладувајќи ги со 5:0.Ердон Даци постигна хет-трик на овој натпревар.Покрај него во листата на стрелци се запишаа и Јасир Бекири и Борјан Тодоровски.И после 7 коло,оваа генерација останува сеуште непоразена.

-Победа забележаа и младинците на Вардар У 19.На стадионот на Локомотива беа подобри од Милано со резултат 4:2.Натпревар со многу голови и шанси на двете страни.Сепак Вардар играше многу подобро и забележа заслужена победа.Стрелци на головите за Вардар беа,Екрем Мемеди (2),Кристијан Апостоловски и Петар Петковски.
Следниот викенд се играат натпреварите од купот на Македонија.

19.10.2014

Leave a Reply