Tuesday ,13 April 2021
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Три победи и еден нерешен резултат за генерациите на Фк Вардар во купот на Македонија.

Три победи и еден нерешен резултат за генерациите на Фк Вардар во купот на Македонија.

Во првите мечеви од купот на Македонија,генерациите на Фк Вардар забележаа три убедливи победи и само едно реми.

-Фк Вардар У 16 речиси го осигура пласманот во следната фаза од националниот куп,откако забележаа гостинска победа со резултат 0:3 против екипата на Милано.Марко Ѓоргиевски стрелаше два пати,а еднаш противничката мрежа ја погоди и Јакуп Бериша.Само да напоменеме дека истиве екипи играа и минатиот викенд во првенството без голови 0:0.

-Единствени кои не забележаа победа на првиот меч во купот,беа момците на Ане Андоновски.Одиграа само 1:1 на домашен терен против екипата на Академија Пандев..Стрелец на единствениот гол за црвено-црните беше Дамјан Петревски.Во реваншот се надеваме на подобра игра и пласман во следната фаза.

10154144_620734284685717_5069801587708937825_n

-Нема екипа до овој дел од сезоната,која може да ги порази избраниците на Љупчо Марковски.Во првиот натпревар од купот на Македонија,Фк Вардар У 18 се вратија со убедлива победа од Ѓорче.Овој пат беа подобри од Македонија Ѓ.П. совладувајќи ги со 1:4.Виктор Димков беше стрелец на два гола.Покрај него во листата на стрелци се запишаа и Јасир Бекири и Ердон Даци.Реваншот останува само формалност и потврдување на пласманот во следната фаза од националниот куп.

-Победа во првиот натпревар од купот,оставрија и младиниците на Вардар У 19.Тие беа подобри од екипата на Еуромилк победувајќи ги со 2:0.Резултат кој им дава големи шанси за пласман во следната рунда.Стрелци на головите беа Петар Петковски и Енсар Сулејмани.
Следниот викенд се играат натпреварите од 8 коло против екипата на Хоризонт Турново.

26.10.2014

Leave a Reply