Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Алексовски -Посакувам триумф со Шкупи и со предност да одиме на реваншот
Алексовски -Посакувам триумф со Шкупи и со предност да одиме на реваншот

Алексовски -Посакувам триумф со Шкупи и со предност да одиме на реваншот

ФК Вардар денес, четврток во   13-00 часот го игра првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија против Шкупи. Натпреварот ќе се игра на теренот во Ѓорче Петров, нашиот тим ќе биде домаќин во првиот меч, пред реваншот кој што се игра идниот месец.  Игор Алексовски голманот на Вардар ги споделува своите очекувања за овој  прв меч против Шкупи во најмасовното натпреварување:

Во секое натпреварување Вардар мора да оди на трофеј. Така ќе биде оваа сезона и во Купот на Македонија. Утре против Шкупи посакувам да бидеме вистинските, да пружиме добра игра и на крајот да дојдеме до посакуваниот резултат, а тоа е победа која што многу ќе ни значи пред натпреварот со истиот противник и во првенството. Посакуваме триумф и со предност да одиме на реваншот. Ние ќе одиме на победа како на секој меч. Ќе дадеме максимум да одиграме најдобро што знаеме и на крајот се надевам дека тоа ќе биде доволно да оствариме победа во овој прв натпревар и да ја продолжиме таа серија која трае во првенствените натпревари. 

Младиот голман на црвено-црниот фудбалски колектив на натпреварот со ФК Пелистер во првата лига заработи во финишот на деелот повреда која веќе е надмината.

После натпреварот со Пелистер имав мала интервенција на усните после сударот со противничкиот играч. Сега се е во ред, и подготвен сум доколку добијам шанса да бранам, и како на секој натпревар ќе дадам се од себе да ја сочувам мрежата, а најважно ќе ми биде Вардар да победи. Доколку се поклопат и едното и другото, би бил најсреќен- вели Алексовски.