Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Лекиќ патува за Германија, каде со својата репрезентација ќе настапи на СП
Андреа Лекиќ патува за Германија, каде со својата репрезентација ќе настапи на СП

Андреа Лекиќ патува за Германија, каде со својата репрезентација ќе настапи на СП

Ракометарката на Вардар, Андреа Лекиќ дефинитивно патува за Германија, каде со својата национална репрезентација ќе биде дел од светското првенство. Селекторот на Србија, Љубомир Обрадовиќ го објави конечниот список од 18-те ракометарки, на кои ќе може да смета за овој мундијал, а на него се најде и Лекиќ. Андреа имаше повреда на рамото и ги пропушти подготовките на својата репрезентација, но се врати во вистински момент и се очекува да биде подготвена да и помогне на својата репрезентација да стигне што подалеку на мундијалот во Германија, кој стартува од утре. Дел од Србија, ќе биде и пикерот на Вардарки, се работи за Драгана Цвијиќ.

Првиот натпревар, Србија го игра во сабота, а противник ќе им биде селекцијата на Кина. Во оваа група се уште и домачинот Германија, потоа Холандија, Камерун и Јужна Кореја.