Викендов на програмата во машката Супер лига на програмата е 11.коло, во истото младиот тим на РК Вардар Јуниор е домаќин. Ние во спортскиот центар “Кале“ во Скопје ја пречекуваме екипата на РК Металург-2 од скопската населба Автокоманда.
Дуелот е закажан со почеток во 16 часот и 30 минути на 3-ти декември, недела. Ова е дуел на вторите, млади тимови на најголемите ривали во македонскиот ракомет. Вардар јуниор е “фенерџија“ со три бода, а само еден повеќе има противникот на овој дуел. Ова е шанса да ги замениме местата и да го им го препуштиме последното место. Во првиот дуел сезонава момците на Стојан Петрушевски кога гостуваа кај сино-белите триумфираа со 23-22 што беше единствениот успех за овој подмладен тим сезонава.
*ВЛЕЗОТ НА ОВОЈ ДУЕЛ Е СЛОБОДЕН!