Чеде Јаневски го објави составот на Вардар кој што денеска ќе го одигра првото 1/8 финале од Купот на Македонија против Шкупи. Дуелот почнува во 13-00 часот на стадионот во Ѓорче Петров, на теренот ќе истрчаат следните играчи:
На голот на Вардар ќе биде Игор Алексовски. Во одбраната на нашата екипа Тодор Тодороски и Дарко Глишиќ како бекови, и Дарко Велковски и Евгениј Новак на стоперските позиции. Во средината на теренот Никола Глигоров, Бесар Исени и Хуан Фелипе, и во нападот на нашиот тим Џамбул Џигаури, Тигран Барсегјан и Оливеира Итало.
На клупата за резерви шанса ќе чекаат: Филип Гачевски, Горан Попов, Висар Муслиу, Ацо Стојков, Филип Стојчевски, Максим Максимов и Петар Петковски.