Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Матеј Андов: Задоволен сум многу од триумфот и секој успех е за нас важен, но за мене посебно е кога сум несовладан на голот
Матеј Андов: Задоволен сум многу од триумфот и секој успех е за нас важен, но за мене посебно е кога сум несовладан на голот

Матеј Андов: Задоволен сум многу од триумфот и секој успех е за нас важен, но за мене посебно е кога сум несовладан на голот

Пионерите на ФК Вардар имаа успешен старт на пролетниот дел од сезоната во првенството на младинските категории. Нашите млади надежи успеаа во дербито да ја совладаат екипата на Пелистер, минимално со резултат 1:0 со голот на Давид Ристовски. Со овој триумф, нашите пионери ги одржаа шансите во борбата за титулата. Херој на мечот беше голманот на Вардар, Матеј Андов, кој успеа да одбрани неколку удари на противникот и беше еден од играчите кој заслужува највисока оценка, во победата на неговиот тим во дуелот со битолчани.

-Како и што кажав во предходното интервју моја главна цел е Вардар да се издигне и да дојде до врвот оваа сезона. Пред почетокот на натпреварот нашиот нов тренер Петар Георгиевски ни напомена дека стартот од сезоната е исклучително тежок без разлика на противникот, тоа и се случи, но сепак крајот беше во наша корист и дојдовме до трите бода. Во првиот дел од мечот противникот беше поконкретен, имаше неколку шанси за гол, но сепак успеавме да се одбраниме. На полувремето се направија неколку тактички измени, со тоа што и ја подобривме целосно играта во вториот дел.

Оваа генерација претрпе неколку промени, што се однесува до составот, сепак првиот “испит“ го положија избраниците на Петар Георгиевски, кои докажаа дека можат да се носат со било кој противник во продолжение од сезоната. Репрезентативниот голман Андов е еден од главните “алки“ кои треба да допринесат за подобри резултати на оваа екипа.

-Со оглед на тоа дека имаме многу променет состав докажавме дека можеме да се координираме и разбираме взаемно. Задоволен сум многу од триумфот и секој успех е за нас важен, но за мене посебно е кога сум несовладан. Мотивацијата кај мене е се поголема, динамиката на тренинзите и влогот во нас е далеку поразличен од првата полусезона. Секогаш има на што да се работи, а тоа ми е и главна задача, секоја грешка од минатото да ми биде успех во иднина.

207

Најверојатно шансата за трофеј, вардаровите пионери ќе бараат во купот на Македонија, каде се пласираа во полуфиналето, но и борбата во лигата продолжува после триумфот во првото пролетно коло.

-До крајот на оваа сезона ке дадеме се од себе да постигнеме успех, односно да дојдеме до првото место во лигата и да бидеме шампиони во купот на Македонија, истакна голманот Андов.

Звонко Ивановски